• Mon. May 20th, 2024

Две семејства од Јосифово, валандовско, евакуирани од невреме на Попова Шапка

Двете семејства од Јосифово, Валандово кое ги зафати лошото невреме на Попова Шапка се добро, навреме се евакуирале и ги избегнале сите проблеми, јави Радио Валандово.

“Добро е што децата се искусни, одлични скијачи, биле оставени без помош па самите свесни за сите проблеми што можат да настанат побрзале да се спуштат од висините на Шапка. Тие се во добра здравствена состојба и сите сме добри” вели Јасмина од Јосифово за Радио Валандово.

Инаку поради лоши временски услови неколку млади денеска се засолнале во малата куќичка во ски лифтот Г-Стазата на Попова Шапка. Тие биле евакуирани со ратрак и се во добра здравствена состојба.

„Во 15:35 часот на бројот за итни повици 112 добиена е пријава од млади лица кои заглавиле во Попова Шапка и истите се наоѓле во малата куќичка која се наоѓа во ски лифтот Г – Стазата. Поради лошите временски услови силен ветер и снег и магла не можеле да се спуштат надолу бидејќи видливоста била ограничена само на неколку метри“, соопштија од ЦУК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *