Свет

Курдите прогласија федерален регион во Сирија

Курдите прогласија федерален регион на северот од Сирија, соопштија официјални лица, а пренесува АФП.

Прогласувањето на федералниот регион е објавено на крајот од курдската конференција, која во четврток заврши во градот Рмеилан на северот на земјата.

Портпаролот на политичките партии на сириските Курди изјави во средата дека таа група планира да прогласи федерален регион на северот од Сирија на подрачјата кои се под нивна контрола.

Наваф Халили од Партијата за демократско единство изјави дека неговата партија не лобира за исклучиво курдските региони, туку сака да види „модел на федерализација применет на цела Сирија“.

САД ги поддржуваат сириските курди во борбата против џихадистите од Исламската држава, но предупредија дека секој модел и федерализацијата морат да бидат прво договорени во Женева. Меѓутоа, претставниците на Курдите не се повикани на тие разговори.

Препорачуваме:

Група научници бараат нова истрага за потеклото на коронавирусот

Сузана Мицева

Германци над 65 години ќе се вакцинираат со Астра Зенека

Сузана Мицева

(Видео) Познати јутубери разговараат за Александар Македонски: „Замисли, најпознатиот Грк во светот не е ни Грк

Ѓ. K.