Свет

Курдите прогласија федерален регион во Сирија

Курдите прогласија федерален регион на северот од Сирија, соопштија официјални лица, а пренесува АФП.

Прогласувањето на федералниот регион е објавено на крајот од курдската конференција, која во четврток заврши во градот Рмеилан на северот на земјата.

Портпаролот на политичките партии на сириските Курди изјави во средата дека таа група планира да прогласи федерален регион на северот од Сирија на подрачјата кои се под нивна контрола.

Наваф Халили од Партијата за демократско единство изјави дека неговата партија не лобира за исклучиво курдските региони, туку сака да види „модел на федерализација применет на цела Сирија“.

САД ги поддржуваат сириските курди во борбата против џихадистите од Исламската држава, но предупредија дека секој модел и федерализацијата морат да бидат прво договорени во Женева. Меѓутоа, претставниците на Курдите не се повикани на тие разговори.

Препорачуваме:

ПРЕСТОЛНИНАТА НА ТУРСКИТЕ КУРДИ – ГРАД НА МРТВИ И ИСЧЕЗНАТИ

ВИДЕО- Кога песочна бура ќе го покрие цел град

Dimitar Micev

Грција ги признава сите вакцини против коронавирус за влез во земјата