Регион

Кривична за двајца струмичани фатени со екстази

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.Д (48) и М.Т (28) двајцата од Струмица поради основано сомневање дека пријавените сториле кривично дело „неовластено производтсво и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

-Имено, на ден 22.07.2017 година, по Наредба од  Судија за претхдона постапка при Основен суд-Струмица извршен е претрес во домот во кој престојува М.Т. Од превземеното истражно дејствије пронајдени се: 52 таблети психотропна супстанца МДМА; 27,72 gr. психотропна супстанца „амфетамин“; остатоци од психотропна супстанца „амфетамин“ и остатоци од психоактивна супстанца која влегува во состав на растението „Cannabis sativa“, се вели во писмената информација од СВР Струмица.

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица изготвена е кривична пријава и со материјалните докази доставена до Основно Јавно Обвинителство.

Препорачуваме:

Посебен режим на сообраќај во Струмица поради чествувањето на Празникот на градот, Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици

Ѓ. K.

Заострени мерки во Гевгелија

Трагедија во дојранско, маж починал на лице место

Стојне Митева