• Sun. May 19th, 2024

Кошаркарскиот Куп на Македонија кој викендов требаше да се игра во Гевгелија одложен за април

ByВане Трајков

Feb 14, 2019

Завршницата од кошаркарскиот Куп кој беше закажан викендов во Гевгелија е одложен за два месеци и тоа  на барање на КК Гостивар поради трагичната сообраќајна несреќа во која животите ги загубија 14 жители на овој град.  МКФ донесе одлука Купот на Македонија да биде одложен за два месеци и да се игра од 12 до 14 април.

„Трагична сообраќајна несреќа синоќа ја зави Републиката во црно. Четиринаесет лица го загубија животот меѓу кои и млад кошаркар од клубот Гостивар. Поради новонастанатата ситуација Македонската кошаркарска федерација во согласност со организаторот донесе одлука да го одложи завршниот турнир од Купот на Македонија кој требаше да се одигра претстојниот викенд. Завршниот турнир од Купот ќе се одигра на 12. 13 и 14. април! Ниту еден збор нема да биде доволна утеха за блиските на настраданите. Искрено сочуство до семејствата и пријателите на загинатите“ – се вели во соопштението на МКФ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *