Спорт

Заради автобуската несреќа, КК Гостивар нема да игра во Гевгелија, од МКФ бараат одложување на КУПОТ

Во Гевгелија од утре треба да се игра кошаркарскиот куп на Македонија  каде учесник е и КК Гостивар. Тие од МКФ побара одложување КУПОТ поради големата трагедија која се случи синоќа во која животот го загубија 14 лица.

„Ја информираме јавноста и МКФ дека, КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот КУП на Македонија и бараме безусловно одлагање на истиот, стои во соопштението на КК Гостивар, објавено на клупскиот фејсбук-профил.
Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град. Кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Во трагичниот настан, животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски. Ги одлагаме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов, стои во информацијата на КК Гостивар.

Препорачуваме:

Место паричка и подарил свршенички прстен – одбојкарот Александар Љафтов се жени !

Фото – Беласица го крена Шампионскиот пехар од Третата лига -Исток

Ване Трајков

Фото – Софија Ричлиева ќе игра за турски Бешикташ но и во Челенџ Купот

Ване Трајков