• Fri. May 24th, 2024

Кон Врање на вакцина тргнува нова група македонски државјани

Кон Врање на вакцина тргнува нова група македонски државјани

Нова група од околу 800 македонски граѓани овој викенд ќе биде вакцинирана против корона вирусот во вакциналниот пункт во Здравствениот дом во Врање – во Салата на спортот. Вакцинацијата е во организација на Српскиот културен информативен центар Спона.

Имунизацијата во Врање беше координирана од Кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Министерството за здравство на Србија.

Ова не е првпат Српскиот културен информативен центар да излезе во пресрет на Македонците кои се заинтересирани да бидат вакцинирани против ковид-19, а кои се уште немаат добиено термин во Македонија. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *