Спорт

КК Струмица ќе се бори за опстанок во Првата лига

Кошаркарите на Струмица и ова сезона ќе се борат за опстанок во најелитното кошаркарско натпреварување. По поразот од Куманово во последното редовно коло струмичани заедно со екипите на Плеистер од Битола, Охрид АВ од Охрид и Вардар од Скопје меѓусебе ќе разигруваат кој од нив ќе го напушти прволигашкото друштво.

Струмица во Плеј аут лигата влегува со најдобар скор, но има идентичен број бодови со битолчани и охриѓани. Најслаб во разигрувањето за опстанок е Вардар од Скопје кој нема победа ова сезона. За вардарци е потребен максимален учинок дома и нагости за евентуално да ги озбегне второлигашкиот билет. Ова значи дека мегу Струмица, Пелистер и Охрид АВ ќе се бара вториот патник во понискиот ранг на натпреварување

Овие три екипи влегуваат со по 18 бодови. Секој од нив е загрозен за испаѓање од елитата. За било која од нив се потребни победи како дома така и на гостински терен

Струмица во првиот дел од првенството против Охрид имаше две победи додека против Пелистер пораз и победа на свој терен

Препорачуваме:

Виареџо тимот на Пандев ремизираше со младинскиот Шампион на Бугарија

Ване Трајков

Македонија Макс лесно против Пелистер Волеј

Ване Трајков

Видео од Одбојкарите на Струмица – Шампионската Титула ќе биде во Струмица и во следните години

Ване Трајков