• Thu. May 16th, 2024

Кај жител на струмичкото село Колешино најдени ќесе и две тегли марихуана

ByЃ. K.

Sep 4, 2023

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е уапсено лице од струмичкото село Колешино, бидејќи по претрес по судска наредба кај се најдени ќесе и две тегли со марихуана.

„Вчера во 16.00 часот во село Колешино, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода З.М.(31) од село Колешино. При претрес кај него, извршен со судска наредба, било пронајдено и одземено ќесе со марихуана, а при претрес на локации во село Колешино, за кои претходно имало сознанија дека З.М. чува марихуана, биле пронајдени две тегли со марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица,“, соопшти МВР.

Од полицијата велат дека за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

By Ѓ. K.