• Wed. May 15th, 2024

Мажи од Гостивар, Струмица и Скопје покажувале сила и ги тепале жените

ByЃ. K.

Sep 4, 2023

Министерството за внатрешни работи објави неколку пријави за насилство, односно три случаи во кои мажи тепале жени со кои се во брак или заедно живеат, а не се венчани. Против нив ќе биде поднесени соодветни поднесоци. 

Во Гостивар на 2.9.2023 полицијата го привела М.Б. (46) затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. 

Истиот ден во Струмица полицијата интервенирала во домот на Ќ.Ј. (35) од Струмица затоа што физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга. И тој бил проведен во полициска станица.

Во Скопје 38 – годишна жена од Србија пријавила дека била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг У. Ш. (35) од Скопје. И за овој случај МВР соопштува дека преземаат мерки за расчистување на случајот.   

By Ѓ. K.