• Fri. May 31st, 2024

Карате клубот Шихан го освои тронот во кадетска конкуренција- се вратија со четири медали

ByВане Трајков

Apr 16, 2018

Карате клубот ,,Шихан,,  од Струмица на последниот државен шампионат во традиционално карате во кати што се одржа во Скопје постигна огромен успех  враќајки се со четири освоени медали и титула -државн првак

,,Шихан,,  беше доминантен со девојчињата во кадетска конкуренција , каде младите струмичанки ги освоија првите три места оставајки ги зад себе остантите каратистки. Александра Стојановска која има 12 години  го освои првото место и стана кадетски државен првак на Македонија. Второто место и припадна на Снежана Пеливанова која има 13 години додека  третото место го освои 12 годишната невенка Малинова.

Успех направи и Панче Шарламанов во пионерска конкуренција. Тој со своите 11 години немаше среќа да се закити со титулата државен првак па го освои второто место.

Малку недостасуваше со медали да се вратат и Максим Илиев кој има 12 години и две години помладиот Ристе Тодоров исто така членови на КК Шихан од Струмица

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *