Спорт

Кадетите на ОК Струмица – Шампиони !

Кадетите на „Струмица“ ја освоија Шампионската титула откако вчера на завршниот турнир во Штип ги совладаа домакините, кадетскиот состав на штипски ,,Мавис,, со 3:0 во сетови. Претходно пак во полуфиналето младите одбојкари од Струмица славеа победа над Борес со 2:1 во сетови. Со ова титула, ОК Струмица се потврдува дека ги има најквалитетните одбојкари од младинските погони. За потсетување лани речиси во сите младински категории ОК Струмица ги понесе титулите.

 

 

Препорачуваме:

Фото-Виктори Волеј со победа ја започна Првата лига, во градското дерби го надигра Наковски Волеј

Астраионци покажаа кој треба да игра за титула, го демолираа винички Торо со плус 8

Беласица на Младост против Шкупи, пандевци во Турново против гипсарите, утре играат за нови победи