• Wed. May 15th, 2024

Инфективното одделение во струмичката болница се наполни со болни од Ковид-19

ByВане Трајков

Aug 21, 2021

Во струмичката болница се лекуваат 40 тина пациенти заболени од Ковид-19. Дваесет од нив се на болничко лекување, додека останатите примаат терапија во дневната амбуланта.

Според директорката д-р Катерина Кузмановска, секојдевно расте бројот на заболени и се поголем број граѓани бараат помош од лекарите.

-Од пациентите кои се на лекување на Инфективното одделение 18 се на кислородна поддршка, а дури 90 отсто од нив се невакцинирани.,, рече директорката на струмичката болница, д-р Катерина Кузмановска.

Додаде дека на Инфективното одделение има уште неколку слободни кревети, а доколку има потреба повторно ќе биде отворена модуларната болница, во која има 34 легла.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *