• Thu. May 16th, 2024

ДИК:Увид во податоците во Избирачкиот список од денеска до 9 септември

ByВане Трајков

Aug 21, 2021

Државната изборна комисија ги известува граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список почна денеска и ќе трае заклучно со 9 септември во 24 часот.

– Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да извршат увид во своите податоци тоа можат да го направат лично, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, и електронски –  на https://www.sec.mk/uvid-vo-izbirachki-spisok/ За време на јавниот увид, подрачните одделенија и канцеларии на ДИК ќе работат секој ден од 8 до 19 часот, а на 9 септември до 24 часот, информира Државната изборна комисија.

Барањата за запишување, бришење или дополнување на податоците во Избирачкиот список се поднесуваат писмено во подрачното одделение или канцеларија на ДИК според местото на живеење или електронски на upisis@seс.mk.

На веб-страницата  https://www.sec.mk/uvid-vo-izbirachki-spisok/ се достапни потребните обрасци, информира ДИК. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *