• Thu. May 16th, 2024

Идната година ќе биде пуштен во употреба новиот болнички крак

ByВане Трајков

Dec 23, 2019

Новото крило на струмичката  болница следната година треба да биде пуштено во употреба.  Според најавите на министерот за здравство Венко Филипче,  економскиот оператор ги завршува финалните позиции кога се градежните работи во прашање и доколку се биде според планираното на почетокот од следната година новото крило инфраструктурно целосно ќе биде подготвено. Во меѓувреме во рамки на владата се работело на обезбедување буџет за набавка на потребната опрема.

,, Работиме во рамки на владата заедно со министерството за финансии на обезбедување буџет истото да се опреми. Разговараме и со експерти од болницата во однос на прераспределбата на одделите, односно како најрационално тој простор ќе се искористи. Така да следната година после долги години Струмица ќе има нова болница.,, вели Венко Филипче

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *