• Tue. May 14th, 2024

И полицајци ќе се вакцинираат во Србија

И полицајци ќе се вакцинираат во Србија

Независниот синдикат на полицијата соопшти дека е во завршна фаза на преговори за обезбедување на количество вакцини за членството на НСП.

„Вакцинацијата првенствено на членовите, но и на останатите вработени од организационите единици со најголем ризик кои доброволно ќе се пријават, ќе се одвива во Р. Србија по претходно изготвен план од работно тело кое ќе го формира Синдикатот и за кое дополнително ќе Ве известиме“, велат од Независниот синдикат на полицијата.

105 медиумски работници се вакцинираа во Институтот за јавно здравје во Врање со вакцината на „АстраЗенека“.

Македонија сѐ уште ги чека големите пратки за да почне долгонајавуваната масовна имунизација на населението. Во овој момент се вакцинираат само здравствени работници и тоа со 8.000 дози на Фајзер, донација од Србија и со 3.000 дози од Спутник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *