Регион

ЗНМ и СЕММ денеска ќе го објават регистарот на онлајн медиумите кои работат професионално во Македонија

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска ќе го промовираат во јавноста регистарот на професионални онлајн медиуми, така што граѓаните и претпријатијата ќе може да ги препознаат информативните портали кои работат според начелата на новинарските стандарди и етика.

Изработувањето на регистарот е според практиката во развиените демократски општества и Советот на Европа, а ЗНМ и СЕММ претходно ја консултираше и новинарската, медиумската и бизнис-заедницата во државата.

Наедно овој регистар ќе и послужи и на Стопанската комора на Македонија,така што бизнис-заедницата ќе биде свесна за рекламирањето во професионални онлајн медиуми, наспроти оние кои не ги исполнуваат критериумите за членство и редовно ги прекршуваат етичките стандарди.

Препорачуваме:

Изложба „Оружје и воена опрема“ во Завод и музеј Струмица

Од наредната сезона бесплатни вакцини против грип за пензионерите.Лани во Струмица беа искористени 1700 вакцини

Гореше сува трева во струмичко

Сузана Мицева