• Sun. May 26th, 2024

Здружението „Фолклорна низа“ со фестивалот „Фолклорни алки“ одбележа 5 години постоење

ByЃ. K.

Apr 26, 2024

Здружението за ора и песни „Фолклорна низа“ со фестивалот „Фолклорни алки“ синоќа одбележа јубилеј, 5 години постоење. На истиот настапија фолклорните ансамбли „Бучим“ од Радовиш, „Пирински ритми“ од Петрич, Бугарија и „Љупчо Сантов„ од Оризари, кочанско.

Народните ора и песни се наше богатство и гордост. Се дружиме, другаруваме, играме. Така и на 25 април 2024 година по втор пат го организираме Фолклорниот фестивал „Фолклорни алки“ кои ќе блеснат во нашиот град, ќе соберат бројни љубители на фолклорот и ќе ги исполнат нашите срца, напишаа организаторите.

By Ѓ. K.