Регион

Повредени возачи од Струмица и Гевгелија во сообраќајка на Валандовско брдо

СВР Струмица информира дека синоќа околу 00:25 часот по полноќ на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Т.(31) од Гевгелија и патничко возило „Пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(30) од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во болницата во Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

Препорачуваме:

„Фантомите“ ќе се евидентираат во посебен регистар

Стојне Митева

Дискусионен форум „Со бизнис идеја до сопствен бизнис“ во Струмица

Видео од пожарот во Гевгелија

Dimitar Micev