• Tue. May 14th, 2024

Затворен угостителски објект во Струмица, се точело алкохол на малолетни лица

ByЃ. K.

Dec 28, 2023

При контрола во Угостителски објект во Струмица констатирани повеќе кривични дела и прекршоци, издадено Решение за забрана за работа

На 28.12.2023, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, во координација со инспектори од Државен пазарен инспекторат, извршиле контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство на малолетници после 24.00 часот, како и две кривични дела „точење алкохолни пијалоци на малолетници”, за што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат е издадено Решение за забрана за работа на истиот објект поради непочитување на работното време.

By Ѓ. K.