• Mon. May 13th, 2024

19-годишна струмичанка со патничко возило синоќа удрила во 43-годишна жена

ByЃ. K.

Dec 28, 2023

На 28.12.2023 во 00.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Маршал Тито” во Струмица, патничко возило „нисан” со струмички регистарски ознаки, управувано од 19-годишната А.Г. од село Зубово, струмичко, удрило во пешакот А.С.(43) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

By Ѓ. K.