• Mon. May 20th, 2024

Заев најави нови смени на директори идната недела

Премиерот Зоран Заев најави дека идната недела ќе продолжи со смените на функционерите од вториот и третиот ешалон. Рече дека во тек се разговори со поголем број  директори и дека некаде до 9 јули може да се очекува смена на 20 до 25 директори. Ваквата изјава премиерот ја даде денеска на промоцијата на системот за електронска наплата на патарините.

Минатата недела веќе беа сменети министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за култура Асаф Адеми, за финансии Драган Тевдовски, за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, за рамковниот договор Хазби Лика и за регулатива и инвестиции на домашни фирми Зоран Шапуриќ.

Владината реконструкција Заев ја најави уште по првиот круг на претседателските избори, како одговор на незадоволството на гласачкото тело и како примена порака од граѓаните.

извор:makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *