• Wed. May 15th, 2024

Заев го отвори Пандев КУП – Овие млади таленти треба да се развиваат за да ги достигнат височините на Горан Пандев !

ByВане Трајков

Jul 31, 2018

Премиерот Зоран Заев синоќа го отвори Пандев КУП 2018 на кој учествуваат 32 екипи од земјава но и повеќе држави од балканот. Станува збор за турнир на кој настапуваат млади фудбалери родени  2002, 2003, 2004 и 2005 година а е во организација на ФК Академија Пандев

Премиерот Зоран Заев во обраќањето истакна дека лично тој и Владата, заедно со Агенцијата за млади и спорт, секогаш ги поддржуваат младите таленти и создаваат услови младите да се развиваат за да ги достигнат височините на Горан Пандев.

„Во завршна фаза е новиот систем за финансирање на спортските федерации и клубови, кој значително ќе го помогне подигањето на квалитетот на работењето на спортските клубови, а со тоа да дојдат до израз и талентите на младите спортисти. Очекувам новиот пристап во поддршката на спортот и, конкретно, поорганизираното работење во фудбалот, да дадат резултати во клубските натпревари, како и во квалификациите за европските и светските првенства на нашата фудбалска реперезентација“ – потенцираше претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Од името на организаторот, учесниците и гостите ги поздрави координаторот на „Академија Пандев“, Југослав Тренчовски,

,,Како клуб кој максимално работи со младите и се залага фудбалот да плете нови мостови, би сакал овие денови да бидат почеток на нови фудбалски пријателства, нови фудбалски искуства а овој турнир, да биде отворена врата за нови фудбалски достигнувања и почеток на врвни фудбалски кариери,, рече Тренчовски

Генерален покровител на Купот е нашиот најдобар фудбалер, струмичанецот Горан Пандев, а помагатели се ФФМ, Агенцијата за млади спорт, Град Скопје, ОпштинаСтрумица, Државниот студентски дом – Скопје и неколку компании.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *