• Fri. Nov 1st, 2024

За 20 години испразнети 58 населени места

За 20 години испразнети 58 населени места 

Миграцискиот и иселенички бран ги опустоши селата во источниот дел на Северна Македонија. Се празнат куќните огништа и во другот дел од внатрешноста на земјата, но на истокот ситуацијата е драматична. Дури 205 населени места станале „села на духови“ како последица на внатрешната миграција, но и на големиот иселенички бран на Балканот, кој не ја поштеди ниту Северна Македонија. За разлика од пописот во 2002 година, кога биле избројани 147 испразнети населени места, за 20 години, бројката е зголемена со нови 58 испразнети населени места. Станува збор најчесто за села во коишто останале по неколку постари жители – дел од нив во меѓувреме починале, дел заминале во поголемите населени места, оставајќи ги пусти семејните огништа. 

Селата Едеклерци, Јамуларци, Липов Дол, Скандалци, Сушево, Топлик, Хаџи-Реџепли, Шопур ги поврзуваат две работи. Станува збор за села во источниот дел на земјата, лоцирани во околината на Штип. Вториот важен момент е што станува збор за населени места во кои одамна не се слуша детскиот џагор. Во штипскиот крај има дури 14 пусти села, дел познати во јавноста, а имињата на некои од нив, освен за локалното население, се дури и ретко познати во јавноста. Дел од жителите заминале или во поголемите населени места, или пак во странство, со што родното огниште за многумина повеќе не е и нивно место на живеење. Слична е ситуацијата и во општина Новаци, каде за две децении се опустошени 13 населени места, додека во 12 кавадаречки села во септември минатата година немаше ниту еден жител да им отвори врата на попишувачите. 

Последниот попис во Северна Македонија, чии резултати беа обелоденети на 30 март, ги потврди претпостаките дека со забрзано темпо се празнат македонските села. За разлика од пописот во 2002 година, кога биле избројани 147 испразнети населени места, за 20 години, бројката е зголемена на 205. Но, и меѓу нив има населени места, како на пример приградската населба Глишиќ, чии жители катастарски се споени со Кавадарци, па „неправедно“ се најдоа на листата на испразнети населени места. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *