• Sat. May 18th, 2024

Жителите од Фурка денес на еко акција, чистеа во центарот на селото

Еколошка акција за чистење и разубавување на животната средина се спроведе денес во село Фурка, Општина Дојран.
Од општина Дојран упатија јавен повик до сите жители на с. Фурка, но и оние кои сакаат да се приклучат кон оваа благородна еко-акција, да бидат во 09.00 часот во центарот на селото од каде што и ќе започне чистењето.

Општина Дојран и понатаму главниот фокус, односно својата заложба за почиста и поздрава животна средина ја става меѓу најважните приоритети во целокупното работење и дејствување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *