• Sat. May 18th, 2024

ЕУ: Вакцинирањето може да почне

Врз база на научна проверка, вакцината на Бионтек/Фајзер се оценува за безбедна, Европската агенција за лекови ЕМА даде дозвола за нејзино користење.

Европската агенција за лекови (ЕМА) во Амстердам издаде привремена дозвола за користење на вакцината против коронавирус развиена од Бионтек/Фајзер. Директорката Емер Кук ова го вреднуваше како историски успех – за 11 месеци се успеа нешто за што обично се потребни години.

Таа уште еднаш ги отфрли префрлувањата за бавна работа на нејзината служба, критика која се засили откако во Велика Британија и во САД уште пред недели беше издадено итно одобрение за вакцината. Се водеа и интензивни интерни дебати, рече Кук, некои пледираа за побрза дозвола, а други за темелна проверка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *