• Fri. May 17th, 2024

Денеска мајсторка мегу Јанта волеј и Наковски волеј за пласман во финалето

ByВане Трајков

Apr 12, 2023

По викенд случувањата во Струмица на вториот натпревар од плеј-офот попладнево (17.30 часот – МРТ3) во салата „Невена Георгиева – Дуња“ во Скопје ќе се одигра третиот меч од полуфиналната серија во плеј-офот кај дамите меѓу екипите на Јанта Волеј и Наковски Волеј.

Актуелниот резултат во серијата е 1:1, што значи дека денешниот натпревар ќе биде одлучувачки за тоа која од вие две екипи ќе игра во големото финале. Јанта Волеј ја има предноста на домашниот терен каде веќе остварија една победа, додека струмичанки доаѓаат охрабрени по триумфот на домашен терен во обид да го изненадат вицешампионот на негов терен.