Регион

Деветнаесет годишно момче од Радовиш утрово загина во сообраќајка

Деветнаесет годишно момче од Радовиш утрово загина во сообраќајка помеѓу два автомобили марка „голф“ и „мерцедес“ која се случила на магистралниот пат Радовиш-Струмица кај клучката Воиславци.

Со голфот управувал Кристијан Р., роден 1998 година кој починал на лице место. Неговата сопатничка Елена Г. исто така родена во 1998 година, се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Здравствениот дом Радовиш, со возило на итна медицинска помош.

Со „мерцедесот“ управувал 48-годишниот Тодорче Ј.

Препорачуваме:

Три нови струки во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ – Струмица

Фатен криумчар на мигранти кај село Богородица

Сузана Мицева

Ангажман за решавање на проблемите со коишто се соочуваат граѓаните во ПЕ – Управа за имотно-правни работи и агенција за катастар во Гевгелија

Ѓ. K.