Регион

Дебелината и нездравата исхрана се голем проблем за најмладите

Дебелината и нездравата исхрана се голем проблем за најмладите, вели д-р Драгица Зенделовска – нутриционист. Последните податоци од Институтот за јавно здравје покажуваат дека 43 проценти од петто одделенците и 11% од децата во градинка имаат зголемена тежина. Вишокот килограми тешко се намалуваат, а последиците според педијатрите се опасни по здравјето-од дијабет, кардиоваскуларни заболувања до хормонални пораметувања.

Д-р Драгица Зенделовска вели дека ова е и една од причините за почнување на кампањата за здрав живот „Зелен караван“, кој од неоддамна се одржа во Струмица. Според нејзе, здравите навики почнуваат од мали нозе, а доколку не се почитуваат, последиците можат да бидат сериозни.

„Зелениот караван „ започна минатата недела и ќе трае до крајот на месец мај или почетокот на јуни. Планирано е да се посетат 22 градинки во државата, со цел децата да знаат што е здрава храна за да бидат здрави.

Препорачуваме:

ВИДЕО: Ноторна лага е дека во рибите во Дојранското езеро има штетни паразити, велат дојранчани

Ставено во употреба инклузивното игралиште во клонот 3 на градинката „Детска радост“ во Струмица

Ване Трајков

Вечерва во Отворено со Општината, гостин е Ѓорги Ристовски рак. на оделение за меѓународна соработка и Европски фондови

Dimitar Micev