Регион

Болеста кај говедата – чвореста кожа се појави и во струмичкиот микрорегион.

Иако струмичко не е голем сточарски регион оние кои сточачите кои имаат и по дестеина грла веќе се во паника.Последните неколку дена се регистрирани околу 7 грла а кои веќе се уништени а сепак претставуваат голем губиток за сточарите.Денес посетивме едно од селата каде веќе се погубени неколку грла а сточарите кои засега немаат болни говеда велат дека и не се доволно информирани од матичниот ветеринар.Говедата ги напасуваат заедно со сите од селото, па велат дали е опасност или не сеуште незнаеме.Имаат како што велат и самите многу неодговорени прашања.
Во Струмичко покрај Иловица има регистрирано случаи на чвореста кожа и во Виска Маала,Моноспитово,Штука и Градско Балдовци. Сточниот пазар во Струмица веќе недела дена е затворен, а издадена е наредба и за затварање на одгледувалиштата со цел спречување на понатамошно ширење на болеста. По наредба на агенцијата за храна и ветеринарство, ветеринарните служби се на терен и ги испитуваат говедата во сите одгледувалишта. Надлежните велат дека причината за ширење на болеста се инсектите кои се нејзини вектори и поради тоа апелираат сточарите да вршат постојана дезинфекција на самите животни како и на местата во кои стоката престојува.

Препорачуваме:

Сардич им се заканува на активистите од Спас за Гевгелија и Спас за Валандово со тужби

Сузана Мицева

Ана Марија Јованова- градоначалник на еден ден во Струмица

До 15 часот излезноста во Струмица 33,75%