• Sun. May 19th, 2024

Градоначалникот на Ново село уште 30 дена во притвор одлучи кривичниот совет при судот во Струмица

ByВане Трајков

Jul 18, 2018

Градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев, кој пред недела дена беше фатен од полицијата при шверц на цигари на македонско-бугарската граница, доби дополнителни 30 дена мерка притвор. Освен Стојчев, во притвор остануваат и другите тројца соучесници осомничени за криумчарење. Вака одлучи кривичниот совет при струмичкиот суд, откако основното јавно обвинителство достави обвинение и предлог за продолжување на мерката притвор .

„По предлог на обвинителството, мерката притвор за осомничените за шверц со цигари односно криумчарење е продолжена на 30 дена а до крајот на месецов ќе биде закажано и првото судско рочиште на кое ќе бидат сослушани странките“, информираа од струмичкиот суд.

Обвинетите се товарат дека на 10 јули пренесувалe цигари во вредност од 3 милиони и 200 илјади денари, избегнувајќи царинска контрола. Според обвинителството градоначалникот со неговите соучесници во селото Ново Коњарево во две теренски возила натовариле 66 картонски кутии во кои имало околу 33 илјади кутии цигари од марката „Калипсо“.

На локалитетот „Попина Чука“ на два километри од границата, учесниците со теренски возила и штеките цигари беа откриени и фатени од полициски службеници

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *