• Sat. May 18th, 2024

Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан.

„Има причина да се биде оптимист дека вакцината ќе биде одобрена во Европа оваа година. И тогаш можеме да почнеме веднаш“, рече Шпан во интервју за германски РНД.

Тој додаде дека побарал од сојузните германски држави да подготват центри за вакцинација до средината на декември, пренесува „Ројтерс“.

„Повеќе би сакал центрите за вакцинација да бидат подготвени неколку дена порано отколку да имам одобрена вакцина што не се користи веднаш“, рече Шпан.

Прочитајте: Имунитет на стадо може да се постигне само со вакцинација на доволен број граѓани

Тој истакна дека Германија обезбедила повеќе од 300 милиони дози вакцина преку Европската комисија, билатерални договори и други опции и дека тоа е повеќе од доволно па дури остава простор за споделување на вакцината со други земји.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *