• Mon. May 20th, 2024

Меркел: Северна Македонија се надеваме годинава да ги почне преговорите, Албанија ќе почека

Северна Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање со ЕУ, изјави канцеларката Ангела Меркел на видеоконференција со парламентарците од европскиот континент.

„Се соочуваме со потешкотии да овозможиме одржување на меѓувладината конференција со Северна Македонија“, рече Меркел и додаде: „Албанија направи голем напредок, но особено во прашање е дали ќе успееме навреме со Северна Македонија, затоа што сè уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија, како што знаете“.

Таа се надева дека Северна Македонија годинава ќе ги почне преговорите, додека Албанија ќе мора да почека.

„Во случајот на Албанија, прашањето е малку поинакво. И покрај напредокот, не можам да ветам дека тоа ќе се случи оваа година, но многу наскоро“, рече канцеларката.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *