Регион

Гевгеличани добија нов градски пазар

Денеска е пазарен ден во Гевгелија па така пазарџиите од утрово асортиманот на нивните производи го нудеа на новиот градски пазар.Жителите од Гевгелија но и околните населени места од сега ќе можат да пазарат секојдневно,односно пазарот ќе биде отворен секој ден,но традицијата сепак ќе остане и карактеристичните пазарните денови:четврток и недела ќе бидат повтроно пазарни денови со најмногу производи.

Пазарниот простор, односно тезгите, согласно понудата на производите, ќе бидат поделени во неколку делови (зелен пазар, текстилен и пазар наменет за пластика и железарија), а распоредот ќе го врши ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија.

Станува збор за пазар кој ќе има современи услови за понуда и купување на производи карактеристични за европските уредените зелени пазари.
Трговците на располагање ќе имаат површина од 5888 м2

Препорачуваме:

Од 15 ноември во локали само со две дози вакцина

Со изложба од ликовна работилница, заврши културната програма на Струмица опен фест, следуваат мучиките денови

Ване Трајков

МЗШВ: Косово ги повлече зголемените царини за дел производи