• Sun. May 19th, 2024

Гевгелискиот Дом на културата се сели во Народниот театар

Домот на културата од Гевгелија, по исселувањето од објектот кој со денационализацијата им беше вратен на законските наследници, работеше во несоодветни услови во рамки на Пионерскиот дом речиси цели шест години по што општината одлучи да му го додели на времено користење објектот на Народниот театар во Гевгелија.

– Идејата на ваквата одлука е Народниот театар од Гевгелија да стане сериозна институција во која ќе се одвива уште побогат културно уметнички живот во општината. Во него и досега се одржуваа бројни културни манифестации, тетарски претстави и проби на голем број фолклорни друштва и граѓански здруженија од облата на културата, но сметаме дека со ова се отвораат можности за зголемување на приходите од самофинансирање на Домот на културата, како и за поголема креативност во организирањето на културните активности во Народниот театар, изјави градоначалникот Сашо Поцков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *