• Mon. May 13th, 2024

Расте бројот на болни од грип, од вкупно 7150 најмногу се во Струмица и Скопје

Нови 2825 заболени од грип се регистрирани во изминатите седум дена, што е зголемување за над 75 проценти во однос на претходната седмица и за речиси двапати повеќе споредено со истиот период минатата година. Вкупниот број на заболени од грип се искачи на 7150, што е исто така за околу 70 проценти повеќе од истиот период лани. Најмногу заболени има во Струмица (околу 1300) и во Скопје (околу 1200), во Гостивар над 800. Смртен случај нема, но има тешко болни. -И по интензитет, и по распространетост грипот во изминатата недела покажа екстензивен раст. Тоа и го очекувавме и најавивме дека во текот на наредните недели ќе расте, како и во останатите земји во Европа. Зголемување има за околу 30 отсто и во однос на просечната епидемиска крива за последните девет сезони, изјави д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог од Институтот за јавно здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *