• Wed. May 15th, 2024

Второ пријавување во средните училишта

Денеска и утре е второто пријавување во средните училишта во државата.

Во Струмица, слободни места има во трите општински средни училишта. Одредени профили се пополнети, додека за други има слободни места.

Најголем интерес во гимназијата „Јане Сандански“ имало за природноматематичката и економската насока, во „Димитар Влахов“ во првиот уписен рок се пополнија здравствените насоки, додека во „Никола Карев“ најголем интерес имало за информатика и автоматика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *