Регион

За две години, валандовските земјоделци ќе добијат нов систем за наводнување

Претседателот на македонската ВладаЗоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски го означија почетокот на изградбата на системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар, втора фаза во валандовско

„Имаме можност да пуштиме во изградба еден многу значаен проект за еден од поголемите земјоделски региони во нашата земја. Валандовско – богданскио – дојранскиот регион заедно со гевгелискиот регион е еден од поголемите производители на храна којашто ја имаме на нашите трпези и еден од најсериозните учесници во нашиот извоз. Оваа трајна инфраструктура ќе остане вековиште да се користи од многу генерации земјоделци“, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев посочи дека преку овој систем за наводнување ќе се зголеми конкурентноста на земјоделските производи преку намалување на трошоците и зголемување на квалитетот, продажната цената и продуктивноста по хектар производство.

„Верувам дека брзо ќе се реализира овој проект кој е димензиониран да заврши со реализација за не подолго од 21 месец да биде пуштен во употреба, а паралелно со тоа се проектира и третата фаза којашто почнува од Страиште кон Раброво и дојранско-богданскиот регион со цел да опфатиме што е можно повеќе хектари на земјоделска површина“ додаде премиерот Заев.

Министерот Николовски посочи дека изминатите две години МЗШВ заедно со проектната единица задолжена за „Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар“, со германската развојна банка KfW, меѓународниот консултант посветено се работеше да завршат сите постапки и процедури, а веќе с о германската KfW банка е договорена и  рамката за следните проекти, како што е тоа е третата фаза за проектот јужновардарска долина, хидросистемот Лисиче.

„Станува збор за 2.040 хектари на којшто ќе имаме еден од најмодерните системи за наводнување 9 километри главен канал, пет пумпни станици ќе бидат реконструирани и 85 километри секундарна и терцијална мрежа. Очекувам од изведувачот заедно со сите вклучени, овој систем во најкраток рок да биде ставен во функција, односно и пред рокот за завршување на градежните работи. Ова е дел и од нашата програма во делот на инвестициите во водоснабдителните системи за наводнување, почнувајќи од лани, како што е изградбата на системот Равен Речица, изградбата на браната Конско, малите еколошки системи за наводнување. Ова се само дел од проектите, но секако МЗШВ се подготвува за низа на други капитални проекти, инвестиции коишто после 15 години се градат во земјоделството, како значаен сегмент во македонската економија“, изјави Николовски.

Препорачуваме:

Денеска во Струмица општински натпревар по гитара,солфеж,пијано и хармоника

Свлечишта на река Струмица, патиштата поткопани

ССМ: Веднаш да се пристапи кон зголемување на платите

Ване Трајков