Свет

Возачот,кој прегазил пешаци на “Тајмс сквер”,сакал “да ги убие сите”

Возачот,кој прегазил пешаци на “Тајмс сквер”, пред судот изјави дека сакал “да ги убие сите” и дека полицајците требало да го убијат, пренесоа американските медиуми.
Ричард Рохас кој се заби со неговата Хонда во минувачите, убивајќи 18-годишно девојче и повредувајќи 22 лица, признал пред истражните полицајци дека пушел марихуана, обоена со ангелски прав. Чекаат се сеуште резултатите од токсиколошките тест, но еден од сведочат полицајци раскажа дека 26-годишниот Рохас бил со замрачен поглед, зборувал нејасно и збунето.

На брзото судско рочиште против 26-годишниот Ричард Рохас од Бронкс беше подигнато обвинение за убиство, извршено со патничко возило при отежнувачки околности. Неговиот адвокат не дал нкаков коментар. Рохас треба да се појави повторно на суд другата недела. Тројца од повредените од него се во критична состојба со сериозни мозочни трауми.

Препорачуваме:

СТОЛТЕНБЕРГ: Русија се обидува да внесе раскол меѓу државите членки на НАТО

Строгите мерки во Пекинг остануваат на сила

Сузана Мицева

(Видео) Бејрут утрово – болниците преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Сузана Мицева