Регион

Во последните два месеца решени се 193 проблеми на граѓаните преку „Систем 48“

До општинскиот сервис „Систем 48“ во последните два месеца биле доставени вкупно 215 пријави, од кои решени и одговорени се 193 пријави. Останатите 22 пријави се проследени до надлежните служби и се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување 112, од областа на собирање смет 30, водовод и канализација 40, паркови и зеленило 28, улици, патишта и тротоари 2 пријави, исто толку за општински инспекциски служби и една пријава за контакт оператор.
Од општинскиот сервис „Систем 48“ има се заблагодаруваат на граѓаните за довербата и користењето на неговите услуги и истовремено апелираат за навремено пријавување на бесплатниот телефонски број 080014848, за да можат општинските служби во предвидениот рок да интервенираат и да ги решаваат пријавените проблеми.

Препорачуваме:

За еден час, струмичани трошат дури 700 кубици вода

Струмичкиот Локален младински совет и градоначалникот Костадинов во посета на стационарот „Лана“

Ѓ. K.

Речиси 400 пријави за уличното осветлување до „Систем 48“ за шест месеци во Струмица

Сузана Мицева