Регион

Струмичкиот Локален младински совет и градоначалникот Костадинов во посета на стационарот „Лана“

По претпладневната прва официјална средба во кабинетот на градоначалникот Костадинов со членови на новоформираниот Локален младински совет, која помина во мошне позитивна и конструктивна атмосфера, денес се реализираше и нивната прва заедничка теренска активност.

„Го имав задоволството, заедно со претставници на струмичкиот Локален младински совет да го посетиме стационарот за бездомни кучиња „Лана“. Беше тоа одлична можност за младите, преку разговор со директорката и вработените, да се запознаат со начинот на кој функционира ова Јавно претпријатие, со процесот на заловување на бездомните кучиња, карантин и социјализација, а имаа можност да ги посетат и операционите сали. На тој начин тие се уверија во функционалноста и хуманиот третман кон кучињата од страна на вработените во „Лана“, истакна градоначалникот Костадинов.

Тој најави дека ќе бидат реализирани заеднички увиди и во останатите јавни претпријатија, затоа што младите заслужуваат да знаат како истите функционираат. Тоа се само дел од чекорите со кои Струмица ќе го задржи епитетот – град на младите.

Препорачуваме:

Појавата на Туберколозата во Струмица сведена на минимум.

Петар Грашо со ексклузивен концерт во Струмица

Ѓ. K.

Градоначалникот Јаневски одржа средба со амабасадорката на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ