• Fri. May 17th, 2024

Во Ново Село одржана последната форумска сесија од проектот Форуми во заедницата преку кој беше извршена набавка на нова механизација

ByЃ. K.

Jan 26, 2024

Денес се одржа последната форумска сесија од проектот Форуми во заедницата преку кој беше извршена набавка на нова механизација багер, трактор и приколка кои беа одбрани непосредно од граѓаните.

Проектот имаше за цел зајакнување на општинските совети, и претставува одлична алатка за успешно вклучување на граѓаните во процесот на дефинирање на проблемите и донесување одлуки со директно влијание на промените.

Беа презентирани сите чекори од почетокот на процесот до финалната реализација.

By Ѓ. K.