• Mon. May 20th, 2024

„Љубов од гитари“ – романтичен концерт на Денот на вљубените во НУЦК „Антон Панов“ Струмица

ByЃ. K.

Jan 26, 2024

На Денот на вљубените, 14 февруари (среда) со почеток од 19:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ ќе се одржи концерт во живо насловен како „Љубов од гитари“.

На концертот ќе настапат ученици на професорот Васко Пиличев со бенд во живо, како и Славица Ангелова, Ана Цамбулева и Теодора Сретеновиќ.

Струмичани ќе имаат можност да уживаат и да ја прослават љубовта со музика за сите вкусови, направена од 60 учесници.

By Ѓ. K.