• Sat. May 18th, 2024

Во договор со ЕВН,Радовиш го доби на користење објектот кој се наоѓа спроти Паркот на младите на улица Св. Спасо Радовишки.

Идеја од општината е дасе направи мултифункционален простор за повеќенаменска употреба кој би се прилагодувал за различни јавни настани како презентации, проекции, предавања, изложби, конференции и друго.

Внатрешниот дизајн би ја отсликувал флексибилноста на просторот преку конфигурирање во зависност потребите на корисниците.

Голема предност на еден мултифункционален просторот е можноста за интеграција на различни аспекти на нашето социјално живеење преку развој на нови идеи, размена на знаење и креативни активности во кои би се вклучиле уметници, невладини здруженија, активисти, студенти, организации и граѓани.

Од општината ги повикуваат граѓаните да го дадат своето мислење за потенцијалната пренамена на споменатиот просторот, со цел заеднички да ја унапредиме нашата локална заедница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *