• Mon. May 20th, 2024

Во Добрејци и Просениково се одржаа последните средби со граѓаните

ByЃ. K.

Nov 17, 2023

Во населените места Добрејци и Просениково се одржаа последните средби со граѓаните со што и завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници.

На средбите градоначалникот Костадин Костадинов со неговиот тим, советници и претставници на општинските јавни претпријатија со граѓаните разговараа на актуелни теми, ги разгледуваа реалните потреби и ги утврдија приоритетните проекти коишто ќе се реализираат следната година со средства од општинскиот буџет.

Со јавните собири и буџетскиот форум, општина Струмица уште еднаш го потврди високото ниво на транспарентност и отчетност во своето работење и активното учество на граѓаните во креирањето на локалните политики и општинскиот развој.

By Ѓ. K.