• Sat. May 18th, 2024

Костадинов: Аирлија нови улици! Се асфалтира улицата „Герас Цунев“

ByЃ. K.

Nov 16, 2023

Денеска се асфалтираше улицата „Герас Цунев“ на потегот од улицата „Сандо Масев“ до улицата „Боро Џони“ со нов асфалтен слој.

Се асфалтира вкупна површина од 774 метри квадратни, на којашто претходно беше изгребан стариот асфалтен слој. Овој градежен зафат чини 1.300.000 денари обезбедени од општинскиот буџет.

Градоначалникот Костадинов најави продолжување на градежната офанзива во Струмица.

By Ѓ. K.