• Fri. May 17th, 2024

Владата денеска ќе одлучува за набавка на Ремдесивир

By

Oct 26, 2020 #филипче

Владата денеска ќе одлучува за набавката на лекот Ремдесивир кој им помага на заразените од Ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Тој соопшти дека земјава има обезбедено финансии за набавката на лекот кој е докажано дека им помага на инфицираните од вирусот.

Филипче најави дека утре пред пратениците во Собранието ќе се најде Законот за заштита од заразни болести.

„Се надевам дека пратениците се свесни за состојбата во која се наоѓаме и брзо ќе го изгласаат“, изјави Филипче.

Тој на денешната прес конференција ја запозна јавноста со состојбата во болниците, модуларната болница до Инфективната веќе почнува да се полни, додека одделението во Гостивар е полупразно.

Меѓудругото, Филипче најави дека од НАТО ќе добиеме 60 респиратори и лична заштитна опрема која ќе биде распределена во здравствените институции во земјава.

извор: http://makfax.com

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *