• Tue. May 21st, 2024

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните православни празници упатува апел овие празнувања да бидат исклучиво во кругот на членовите на семејството.

„Ескалирањето на состојбата со коронавирусот е проследена со изразена локална трансмисија на вирусот, па секое непочитување на мерките за заштита од здравствените власти и секое собирање луѓе може да биде погубно. Секое семејство што одбележува домашен празник треба да ја препознае опасноста за јавното здравје, кое би ја предизвикало со повикување гости, но и секој добронамерен кон семејството што прославува годинава да се воздржи од физичко присуство. Традицијата не е загрозена, таа ќе опстои, но колективното здравје е во сериозна закана“, се наведува во апелот.

извор: makfax.com.mk

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *