• Sun. May 19th, 2024

Виктори се поблиску за разигрување за Шампионска титула, го освои Пелистер и сега се во Топ 4

ByВане Трајков

Feb 24, 2019

Одбојкарките на Виктори волеј заслужено славеа против тимот на Пелистер од Битола кој во Струмица  се закани но немаше сила за изненадување. Струмичанки го добија овој меч со 3:1 во сетови  и се пробија на четвртата позиција која носи плеј офф разврска за шампионската титула

Струмичанки добро го почнаа дуелот. Првиот сет го добија  со 25:14 . Во вториот попуштија но сепак во финишот смогнаа сили и го добија со 25:22. Потфрлија во третиот сет, кога битолчанки стегнаа заби и го добија со 25:19. Во четвртиот домаќинките не дозволија сензација па со 25:13 ставија крај на мечот за нови три бода во Партизан

Виктори Волеј има сериозни шанси да се зацврсти на четвртата позиција и да се избори за плеј офф пресметка но паралелно размислува и за мечевите од КУПОТ

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *