Спорт

Виктори волеј го пречекува лидерот Бами кор, Наковски штипски УГД а Макс тетовски Универзитет

Екипата на Виктори Волеј утре во салата Партизан во Струмица во 14 часот го пречекува лидерот во женскиот одбојкарски шампионат Бами Кор од Тетово. Ова ќе биде дерби дуел бидејки се среќаваат две непоразени екипи. Меѓу новајлијата Виктори кој по две кола има пет бода и тетовскиот состав кој собра шест. Дебитантот Виктори Волеј најавува нова победа, со цел да докаже дека претходните две не се случајни. Составот како што информираа е максимално подготвен како искусните одбојкари така и помладите кои дополнително се мотивирани по успешниот старт.

Во 14 часот ќе игра и Македонија Макс кој го пречекува Универзитет Тетово во салата Видое Подгорец  каде имајки го о предвид подмладениот состав ќе има тешка задача

Победа најавува и составот на Наковски Волеј кој во салата при СОУ ,,Димитар Влахов,, во 17 часот  го пречекува екипата на УГД од Штип. Исто така ова ке биде интересен и возбудлив натпревар каде избраничките на Наковски ќе атакуваат на втора победа

Препорачуваме:

Во Гевгелија утре почнува Меѓународен меморијален турнир во кошарка

Сузана Мицева

Неделното дерби на Кукуш во Турново без навивачката група Ајдуци

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе по трет пат стана европски шампион

Ѓ. K.